Болна е обвинетата градежна инспекторка од Куманово, судот денес ја одложи расправата

Од:

Основниот суд Куманово денеска на барање на одбраната на обвинетата градежна инспекторка ја одложи денешната главна расправа. Одбраната на обвинетата за примање поткуп Лидија Трајковска бараше да се одложи расправата поради нејзината влошената здравствена состојба.

По утврдувањето на нејзината здравствена состојба, таа ќе може да се произнесе по однос на обвинението. Одбраната воедно бараше и да ги разгледа доставените докази од обвинителството.

Семејството на обвинетата, на претходна прес-конференција обвини за долготраен притвор на нивната мајка и кажаа дека поради долготрајноста таа се соочила со здравствени проблеми.

Обвинителството ја сомничи шеесетгодишната Трајковска дека во својство на службено лице – градежен инспектор сторила кривично дело „Примање поткуп“ од член 357 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Како што наведе обвинителството, лани на 2 ноември, истрагата била поведена бидејќи осомничената на 1 ноември, во еден ресторан во Куманово, во својство на службено лице – градежен инспектор во Општина Куманово – Сектор за градежен инспекциски надзор, побарала и примила подарок за да не изврши службено дејствие што би морала да го изврши.

Во судницата денеска присуствуваа и оштетеното лице и инспектори.

Би можело да ве интересира

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Трите деца пронајдени на улица се прегледани во болница, случајот го следи Центарот за социјални работи – Куманово

Горан Наумовски