Дваесет и пет официјални лица во Чешка осомничени за местење

Од:

Раководни лица во Чешката фудбалска асоцијација, судии и вработени во администрацијата, се осомничени за местење натпревари.

Полицијата денеска соопшти дека ја завршила истрагата која почна 2013 година, а исходот е обвинение против 20 лица за примање поткуп и поднесена пријава против пет лица за давање мито.

Тамошното обвинителство верува дека непозната сума пари е исплатена во кеш, како би се наместиле најмалку десет натпревари во периодот од мај до ноември 2013 година.

Ако бидат осудени за поткупување, официјалните лица се соочуваат со две години затвор, додека оние кои го примиле митото можат да добијат затвор во времетраење од четири години. 

Би можело да ве интересира

Драган Стојковиќ: Утре е голем натпревар, ќе се обидеме се за да победиме

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Словенија и Данска одиграа нерешено, Јанжа го спречи поразот

A1on

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница