Во Премиер лигата денеска на програмата се два натпревара од 25. коло, а на еден од нив се игра и дербито на колото. На „Етихад“ во Манчестер, кај шампионот Манчестер Сити гостува Ливерпул. Во последните десет кола и двете екипи играат во променлива форма.
На вториот дуел од денешната програма Вест Бромвич Албион за кој настапува Горан Попов го пречекува Тотенхем.
На вчера одиграните натпревари беа постигнати резултатите: Фулам – Манчестер Јунајтед 0:1, Арсенал – Стоук 1:0, Рединг – Стоук 2:1, Вест Хем – Свонси 1:0, Виган – Саутемптон 2:2, Њукасл – Челзи 3:2, Евертон – Астон Вила 3:3 и Квинс Парк Ренџерс – Норвич 0:0.
Табела: Манчестер Јунајтед 62 бода, Манчестер Сити 52, Челзи 46, Тотенхем 42, Евертон 42, Арсенал 41, Ливерпул 35,…