Душан Тадиќ повеќе не е член на Ајакс, а летово нема да се пресели во Саудиска Арабија. Тој стана нов член на турски Фенербахче каде ќе игра најмалку до летото 2025 година.
„Одлично е чувството да се стане дел од толку голем клуб. Слушнав многу добри работи за Фенербахче. Сакам да освојам многу трофеи со него. И ќе освоиме многу трофеи за нашите навивачи, бидејќи тие ни се драгоцени. Ни треба нивната поддршка во секоја смисла на зборот“, јасен беше капитенот на српската репрезентација.
Sarı Lacivert’imize Hoş Geldin Dusan Tadic! 💛💙#TadicOnFire 🔥 pic.twitter.com/SC9SZ3Zou6
— Fenerbahçe SK (@Fenerbahce) July 16, 2023
Тадиќ во кариерата ги бранеше боите на Војводина, Гронинген, Твенте, Саутемптон, Ајакс, а сега и Фенербахче. Очигледно во Турција планираат со искуство да го засилат средниот ред.