Државно првенство во планински велосипедизам – XCO Тресонче 2020

Од:

Претстојниот викенд, на кружната патека во Тресонче ќе се одржи Државното првенство во планински велосипедизам – XCO Тресонче 2020. Трката е во организација на Велосипедската федерација на Македонија, Велосипедскиот клуб „Енерџи“ и З.Г. „Брзовец“, а со поддршка на општина Маврово и Националниот парк „Маврово-Ростуше“.

Селекторот на македонската репрезентација и велосипедист Љубиша Кондев посочува дека оваа трка е со посебно значање заради титулата „државен првак“ која ќе ја добијат најуспешните во секоја категорија на натпреварувачи, а која го претставува највисокото достигнување на еден спортист во текот на годината.

– Патеката во Тресонче е специфична заради тоа што се протега низ атарот на селото, низ природни предели кои се исклучително живописни, низ технички искачувања и препреки, карпи и потоци кои бараат подготвеност од страна на велосипедистите, но во исто време пружаат и можност за уживање за време на трката, изјави Кондов.

Настанот закажан за 27 септември ќе биде реализиран со почитување на сите мерки за заштита од Ковид 19 во согласност со препораките на Министерството за здравство на Р.С.Македонија, соопшти организаторот.

Би можело да ве интересира

Загина познат велосипедист – го прегази камион на тренинг

Предраг Петровиќ

Крадци им ги украле велосипедите на светски велосипедски ѕвезди

Горан Наумовски

Паравелосипедист без две раце освои светска титула, му подарија рачен часовник

Историски успех за македонскиот велосипедизам: Елена Петрова освои подиум во Хрватска и обезбеди пласман на Светското Gran Fondo првенство

Ана Ололовска

Четиринаесет здруженија на велосипедисти основаа Сојуз на велосипедски здруженија на Македонија во Неготино

Ана Ололовска

Евенепел ја освои Вуелта Еспања

Горан Наумовски