Државно првенство во друмски велосипедизам во Куманово

Од:

Државно првенство во друмски велосипедизам ќе се одржи денеска во Куманово, во организација на велосипедскиот клуб Вело-М Термалифт во соработка со Велосипедската федерација на Македонија и Општинскиот сојуз на спортови на Куманово.

Државното првенство во друмски велосипедизам се смета за најпрестижна трка во рамки на една нација, а победникот на трката ќе добие титула државен првак на Македонија, информира организаторот.

Куманово, како и во претходните години, така и годинава е домаќин на оваа манифестација, а патеката на која ќе се вози е Куманово – Крива Паланка – Куманово за категорија сениори, јуниори и мастерс, додека пак, помалите кадети и категорија жени ќе возат на релација Куманово –Страцин – Куманово.

Трката ќе почне на плоштадот во Куманово во 10 часот, а стартот ќе го означи кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски. Целта ке биде на градскиот кеј.

Би можело да ве интересира

Загина познат велосипедист – го прегази камион на тренинг

Предраг Петровиќ

Крадци им ги украле велосипедите на светски велосипедски ѕвезди

Горан Наумовски

Паравелосипедист без две раце освои светска титула, му подарија рачен часовник

Историски успех за македонскиот велосипедизам: Елена Петрова освои подиум во Хрватска и обезбеди пласман на Светското Gran Fondo првенство

Ана Ололовска

Четиринаесет здруженија на велосипедисти основаа Сојуз на велосипедски здруженија на Македонија во Неготино

Ана Ололовска

Евенепел ја освои Вуелта Еспања

Горан Наумовски