Дрита го направи најголемото изненадување во ова коло од Првата македоснка фудбалска лига, откако во Автокоманда го совлада Металург со 0:1, Нухиу постигна гол во 45-та минута.
Водечките две екипи во првенството на Македонија, Турново и Вардар, ремизираа, како гости против своите опоненти Брегалница односно Пелистер.
По комплетирањето на 11-то коло лидер на табелата остана Турново, со бод предност во однос на Вардар и Шкендија.
Екипата на Шкендија против Силекс до победата стигна во 90-та минута со голот на Демири.
Работнички убедливо со 3:0 ја порази Ренова, Исени постигна два, а Најдоски еден гол.
Напредок со головите на Балази од пенал и Цветановски го победи Тетекс.