Дрим тимот на САД едвај ја совлада Србија

Од:

Фаворизираната кошаркарска селекција на САД се измачи да ја совлада селекцијата на Србија во дуелот од 4.коло на А групата на машиот турнир во Рио.

Американскиот „дрим тим“ иако одлично го отвори натпреварот, а во седмата минута имаше и 18-поени разлика, сепак до последната секунда стрепеше за победата. Предводени од Никола Јокиќ и неговите 25 поени, како и Милош Теодосиќ и Мирослав Радуљица кои уфрлија по 18 поени, Србите имаа можност да се изборат за продолжение. Но, шутот за три поени со звукот на сирената Богдан Богдановиќ не го погоди па Американците забележаа победа со 94-91.
Во составот на САД дури шестмина кошаркари средбата ја завршија со двоцифрен број на постигнати поени, а најмногу 15 имаше Кајри Ирвинг.

Во првиот натпревар од оваа група Австралија ја победи Кина со 93-68, а Франција беше подобра од Венецуела со 96-56.

Табела: САД 8 бодови, Австралија 7, Франција 7, Србија 5, Венецуела 5 и Кина 4.
На женскиот дел од турнирот се одиграа средбите од 4.коло во Б групата во кои беа постигнати овие резултати: Србија – Кина 8-72, САД – Канада 81-51 и Шпанија – Сенегал 97-43.
Табела: САД 8 бодови, Шпаниј 7, Канада 7, Кина 5, Србија 5, Сенегал 4.

Би можело да ве интересира

Две лица загинаа при уривањето на две згради во Рио де Женеиро

Амбасадата во Бразил со упатство до посетителите на годинешниот карневал во Рио

Наум Локоски

Македонка освои злато на Параолимпијадата, но за Хрватска

Емир Латифовиќ

Наковска – Бикова го освои 4.место во дисциплината 50 метри воздушен пиштол

Емир Латифовиќ

Ново финале за Оливера Наковска – Бикова на Параолимписките игри во Рио

Емир Латифовиќ

Параолимпиец трчаше побрзо од олимпискиот првак

Емир Латифовиќ