Кошаркарот на МЗТ Скопје Аеродром, Ѓорѓе Дреновац по рехабилитацијата од повредата со која се здоби на стартот од сезоната, успеа да се избори за место во идеалната петорка на 10. коло од регионалната АБА лига.
Тој во победата над ФМП (89:68) учествуваше со 24 поени и три скока, односно 25 индексни поени, доволно за да се најде во тимот на 10. коло.
Најкорисен кошаркар во десеттата рунда е Лука Бабиќ од Цедевита со 31 индексен поен.
Во тимот на коло се најдоа уште и: Драшко Албијаниќ (Игокеа) 30 инд. поени, Милко Бјелица (Црвена звезда) 27 и Раде Загорац (Мега Лекс) 25 инд. поени.