Драма со пенали: Германија се пласира во полуфиналето

Од:

Актуелниот првак на светот конечно успеа за прв пат во историјата да ја елиминира Италија од големите натпреварувања после драматичната серија пенали со резултат 6:5.

Во регуларните 90 минути беше 1:1, а Германија борбата во полуфиналето ќе ја продолжи со подобриот од дуелот Франција-Исланд, кој се игра во недела.

Шаховската партија на фудбалскиот терен мораше да заврши со пенали, а се изведоа дури девет серии пенали. Во тимот на Германија потфрлија Милер, Озил и Швајнштајгер, а на другата страна Заза, Пеле и Бонучи, до последната серија, во која Дармијан стана трагичар.

Ударот му беше одбранет од германскиот голман Мануел Нојер,а Хектор го матираше Буфон за средба со Франција или Исланд.

Само во првите седум минути од натпреварот Италија имаше иницијатива со обид да се загрози Нојер. Се натаму беше досадна доминација на Германија до 90 минута и во двете продолженија.

Би можело да ве интересира

Јакин го продолжи договорот со Швајцарија

Предраг Петровиќ

Пикси ќе добие отказ

Предраг Петровиќ

УЕФА ги казни Романците поради транспарентот „Косово е Србија“

Предраг Петровиќ

Белорусија ќе ја пречека Швајцарија во Србија

Словенките ја исфрлија Србија, Хрватска со последниот шут до реми со Швајцарките

Германците си поигруваа, но не ја испуштија големата предност