Драган Стојковиќ – Пикси официјално нов фудбалски селектор на Србија

Од:

Поранешниот прославен српски фудбалер Драган Стојковиќ – Пикси е назначен за нов селектор на репрезентацијата на Србија, официјално е соопштено денеска во Белград.

– Договорот е постигнат. Стојковиќ е нов селектор на Србија, потврди попладнево заменикот претседател на Фудбалската федерација на Србија (ФСС), Марко Пантелиќ.

Пантелиќ прецизираше дека преостанува да се „прецизираат уште неколку технички детали“.

– Повеќе за тоа ќе зборуваме идната недела на промоцијата и конференцијата за новинари, најави заменикот претседател на ФСС.

Стојковиќ (55) доаѓа на местото на Славиша Тумбаковиќ, кој во декември поднесе оставка како селектор на Србија.

Еден од најдобрите српски фудбалери и долгогодишен капитен на поранешната југословенска репрезентација, Пикси во кариерата со голем успех го носеше дресот на Раднички од Ниш, Црвена ѕвезда и Олимпик Марсеј, освојувајќи ја Лигата на шампиони со францускиот тим во 1993 година.

Во тренерската кариера што ја започна во 2008 година, новиот српски селектор предводеше само две азиски екипи – јапонската Нагоја и кинескиот Гвангжу.

Би можело да ве интересира

Фудбалскиот сојуз на Косово ги тужи Пикси и Србија кај ФИФА

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Србите испуштија победа против Камерун

ВИДЕО: Србија потклекна пред Бразил

Млад српски фудбалер за време на тренинг доби срцев удар и почина

А1он

Вучиќ им вети премија од еден милион евра на српските фудбалери за победа во Португалија

Ана Ололовска

Црвена ѕвезда се соочува со висока казна од УЕФА

Ана Ололовска