Драган Стојковиќ – Пикси е новиот селектор на Србија, пишуваат медиумите

Од:

Еден од најдобрите српски фудбалери на сите времиња, Драган Стојковиќ – Пикси, ќе биде новиот селектор на Србија, објави денеска белградскиот весник „Вечерње новости“.

Весникот наведе дека Пикси веќе постигнал договор со Фудбалската федерација на Србија за годишна плата од еден милион евра и ќе го предводи националниот тим во квалификациите за пласман на Мундијалот во Катар.

Србија е без селектор од средината на минатиот месец по оставката на Љубиша Тумбаковиќ.

„Википедија“ веќе ја обнови биографијата на Пикси, назначувајќи ја селекторската должност на клупата на Србија како негов трет тренерски ангажман во кариерата, по јапонска Нагоја и кинески Гуангжу.

Во својата играчката кариера, поранешниот југословенски репрезентативец со успех го носеше дресот на Црвена ѕвезда и Олимпик Марсеј.

Би можело да ве интересира

Фудбалскиот сојуз на Косово ги тужи Пикси и Србија кај ФИФА

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Србите испуштија победа против Камерун

ВИДЕО: Србија потклекна пред Бразил

Млад српски фудбалер за време на тренинг доби срцев удар и почина

А1он

Вучиќ им вети премија од еден милион евра на српските фудбалери за победа во Португалија

Ана Ололовска

Црвена ѕвезда се соочува со висока казна од УЕФА

Ана Ололовска