Дознајте се што не сте знаеле за Тур де Франс: Зошто лидерот носи жолта маичка, како велосипедистите мочаат?

Од:

Вчера заврши и 104. издание на најпопуларната велосипедска трка Тур Де Франс, со третата по ред победа на британецот Крис Фрум, а по тој повод порталот „The Bicycling“ се обиде да даде одговори на некои интересни прашања во врска со велосипедизмот и оваа трка.

Како мочаат велосипедистите?

– На почетокот на трката застануваат порак патот и завршуваат тоа што треба да завршат, па потоа ги стигнуваат останатите, бидејќи темпото тогаш се уште не е пребрзо.

Во текот на трката се местат на посебен начин: едната нога ја местат во одредена положба со која што ја кријат една страна, а другата ја местат така за да имаат простор за обавување на нуждата, додека со раката ја местат облеката за да не им пречи.

Зошто предводникот на групата носи жолта маичка?

– Бидејќи весникот „Ауто“, кои беа првиот спонзор на трката бил печатен на жолта хартија. Почнало како реклама, но остана како традиција.

Кој велосипедист најмногу пати победил на Тур де Франс?

– Има четворица натпреварувачи со по пет победи: Жак Анкетил, Мигуел Индураин, Еди Меркс и Бернар Ино.

Дали некогаш во историјата Тур де Франс бил одложен?

– Трката не се одржувала за време на двете светски војни, односно во периодите помеѓу 1914. и 1919. година, како и од 1940. до 1946. година, додека Франција војувала или била под окупација.

Дали се случило некој натпреварувач да почине на трката?

– За жал, дури четворица. Адолф Елије се удавил во 1910. година, Франсиско Сепеда настрадал во 1934. година, Том Симпсон починал од срцев удар во 1967. година, а во 1995. година, Фабио Касартели починал по судар во кој добил удар во главата.

Зошто не постои женска трка?

– Велосипедизмот и понатаму се смета за машки спорт. За време на 80-тите години на минатиот век постоела и женска трка, но кратко траела. Денес постои женска трка „Ла Круз“, но и таа трае само еден ден, за време на последниот ден на главната трка.

Колку луѓе го следат Тур де Франс?

– Проценките се за 3,5 милијарди во 190 земји.

Колку години имал најстариот, а колку најмладиот велосипедист кој што се натпреварувал?

– И двата рекорди се поставени во 1904. година. Енри Паре имал 50 години, додека неговиот имењак Енри Корне имал 20, а тој бил и најмладиот победник во историјата. Најстариот победник е белгиецот Фирмин Ламбо, кој имал 36 година во 1922. година.

Колку се тешки велосипедите?

– Во текот на историјата велосипедите знаеле да тежат и до 20 килограми, но денес се тешки околу 7.

Би можело да ве интересира

Загина познат велосипедист – го прегази камион на тренинг

Предраг Петровиќ

Крадци им ги украле велосипедите на светски велосипедски ѕвезди

Горан Наумовски

Паравелосипедист без две раце освои светска титула, му подарија рачен часовник

Историски успех за македонскиот велосипедизам: Елена Петрова освои подиум во Хрватска и обезбеди пласман на Светското Gran Fondo првенство

Ана Ололовска

Четиринаесет здруженија на велосипедисти основаа Сојуз на велосипедски здруженија на Македонија во Неготино

Ана Ололовска

Евенепел ја освои Вуелта Еспања

Горан Наумовски