На трите досега завршени натпревари од осминафиналето на ФА купот победи постигнаа гостинските екипи.
Најголемото изненадување секако претставува елиминацијата на Арсенал, кој на „Емирати“ загуби од Блекбурн со 1:0. Стрелец на единствениот гол беше Казим Казим во 72.минута.
На другите два натпревара Лутон – Милвол 0:3 и МК Донс – Барнсли 1:3.
Вечерва во 19 часот е почетокот на дуелот Олдам – Евертон.
Утре се играат натпреварите: Манчестер Сити – Лидс и Хадерсфилд – Виган, додека единствениот дуел на премиерлигаши ќе се одигра в понеделник, Манчестер Јунајтед е домаќин Рединг.
Утре се игра и повторениот натпревар од 4.коло меѓу бранителот на пехарот Челзи и Брентфорд.