Домаќинот Франција фаворит против Исланд

Од:

Во последното четвртфинале на ЕУРО 2016 вечерва во Париз играат Франција и Исланд.

Домаќинот на Европското првенство Франција против Исланд ја има фаворитската улога пред се поради реномето во европскиот и светски фудбал, но и од причина што што кога ја имале улогата на домаќин на големите натпреварување го освојувле првото место (Европско првенство 1984 година и Светско првенство 1998 година). Исланд и со пласманот во четвртфиналето направи неочекуван резултат, но избраниците на селекторите Ларс Лагербек и Хеимер Халгримсон најавуваат дека се подготвени за уште едно изненадување.

Селекторот на Франција Дидие Дешамп нема да може да смета на два играчи (Н‘ Голо Канте и Адил Рами) кои имаат жолти картони, додека во таборот на Исланд сите се на располагање.

Ова ќе биде 12.ти меѓусебен дуел на овие две селекции, а Франција има осум победи со три нерешени резултати, а Исланд е без триумф над „триколорите“.

Победникот од ова четвртфинале на 7.јули во Марсеј ќе игра против Германија.

Судија на натпреварот е Бјорн Кујперс од Холандија, а почетокот е во 21 часот.

Би можело да ве интересира

Јакин го продолжи договорот со Швајцарија

Предраг Петровиќ

Пикси ќе добие отказ

Предраг Петровиќ

УЕФА ги казни Романците поради транспарентот „Косово е Србија“

Предраг Петровиќ

Белорусија ќе ја пречека Швајцарија во Србија

Словенките ја исфрлија Србија, Хрватска со последниот шут до реми со Швајцарките

Германците си поигруваа, но не ја испуштија големата предност