Дјурант и соиграчите со поддршка до тренерот

Од:

Ѕвездата на НБА тимот Оклахома Сити Кевин Дјурант заедно со неговите соиграчи му изразија поддршка на тренерот Скот Брукс и покрај тоа што уште една сезона за Оклахома завршува порано од очекувањата на раководството и навивачите.

– Тој е нашиот предводник. Каде и да оди, јас ќе го следам. Немојте веќе да ме интервјуирате за тоа, изјави Дјурант.

Оклахома сезонава во плеј-офот стигна до финалето на Западната конференција каде беше елиминирана од Сан Антонио со 4-2 во победи.

Сепак и покрај поддршката која Брукс ја добива од Дјурант и другите кошаркари на Оклахома, на официјалниот НБА сајт стои дека неизвесен е неговиот опстанок, а како потенцијални кандидати за наследници на Брукс на тренерската позиција се спомнуваат Мајк Браун, Џорџ Карл, Вини Дел Негро и Марк Џексон.

Би можело да ве интересира

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он

Тренерот на Минесота опериран – незивесно дали го пропушта стартот на серијата против Денвер

Предраг Петровиќ

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите