Џиџи: Си одам за доброто на Вардар

Од:

Веднаш по синоќешниот пораз од Пелистер во вечното дерби, тренерот на Вардар Никола Илиевски – Џиџи поднесе неотповиклива оставка на тренерската функција објаснувајќе го овој чин како „добро“ за клубот.

– Заминувам од Вардар поради недоличните скандирања упатени кон мене кои започнаа уште пред почетокот на натпреварот. Ова го правам за доброто на Вардар. Не би коментирал за евентуален бојкот на некои фудбалери, но би им порачал на оние кои до вчера работеа во клубот да го остават и да престанат со „роварење“, ја објасни Илиевски својата оставка.

Освен дербито во кое Пелистер во скопје го совлада Вардар со 1:0, вчера се одиграа уште два натпревара од 25.коло во Првата лига.

Постигнати се следниве резултати: Напредок – Тетекс 0:0 и Шкендија – Ренова 1:1.

За денеска од 16 часот се закажани натпреварите: Металург – Силекс, Работнички – Брегалница и Турново – Дрита.

Табела: Вардар 46 бодови, Турново 44, Металург 44,  Напредок 37, Работнички 36, Шкендија 36, Ренова 35, Брегалница 29, Пелистер 29, Дрита 27, Тетекс 20 и Силекс 19.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска