Џиџи цели кон групите во Лига Европа

Од:

Откако викендов и официјално го одработи првиот тренинг со новиот тим, Никола Илиевски – Џиџи на денешната прес-конференција беше претставен како нов тренер на шампионот Вардар. На првата прес-конференција во неговата нова функција, тој ги искажа неговите очекувања и амбиции на клубот според кои Вардар се стреми кон настап во групите од Лигата на Европа, а во домашното првенство освојување на дуплата круна.

– Заедничката цел со управата на клубот е напредок во играта, резултатите и исполнување на целите за силен европски Вардар, како и освојување на шампионската титула и купот во домашното првенство. Имаме квалитет да одговориме на овие предизвици и со мали играчки промени можеме да ја постигнеме целта, рече Илиевски.

Засега играчкиот кадар на Вардар останува ист. Ниту еден од фудбалерите од првиот дел од сезоната не го напушти клубот, но според најавата, Вардар бара нови играчи како екстра засилувања за вториот дел од сезоната.

– Оној кој што ќе дојде во Вардар мора да биде подобар од конкуренцијата на таа позиција. Доколку не е така нема потреба од ангажирање фудбалери само за да би се пополниле одредени позиции, нагласи новиот тренер на „црвено-црните“.

На подготовките за пролетниот дел од првенството, Вардар во Скопје останува до почетокот на идниот месец, кога ќе замине за Анталија (Турција) каде што планира да одигра неколку силни контролни натпревари.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска