Стивен Џерард, капитенот на премиерлигашот Ливерпул го доби признанието за најдобар англиски фудбалер во 2012 година во изборот на Фудбалската асоцијација на Англија.
Второто место во овој избор му припадна на Дени Велбек (Манчестер Јунајтед), а третата позиција ја освои играчот на Челзи, Ешли Кол.
За Џерард ова е второ вакво признание по победата на изборот за 2007 година.
По двапати признание за најдобар англиски фудбалер уште имаат добиено и Вејн Руни и Френк Лампард.