Стивен Џерард нема да го прифати советот на Златан Ибрахимовиќ да замине од Ливерпул и Англија, капитенот на „Црвените“ вели дека е среќен на Енфилд
„Голем фан сум на Златан како фудбалер, но нема да го прифатам неговиот совет”, рече Џерард.
„Многу сум среќен во Ливерпул, верувам дека играм за еден од најголемите клубови во светот, тим кој пет пати бил шампион на Европа”.
„Среќен сум онаму каде што сум, но го ценам неговото мислење”.