Компанијата на познатиот светски готвач Џејми Оливер потпиша договор за кетеринг со премиерлигашот Манчестер Сити.
Исто така компанијата на Оливер ќе готви на стадионот на Манчестер Сити „Итихад“, а договорот е потпишан на пет години.
– Нашата главна цел е на стадионот „Итихад“ услугата во секој сегмент да биде на врвно ниво, изјави шефот на маркетинг службата во клубот, Том Глик.
Дали повкусната и поквалитетна исхрана ќе им помогне на „граѓаните“ да го стигнат на врвот на табелата градскиот ривал Манчетсер Јунајтед, останува да се види.