Директорот на Премиер лигата: Играчите можат да ги продолжат договорите што истекуваат на 30 јуни, до крајот на сезоната

Од:

Извршниот директор на Премиер лигата, Ричард Мастерс зборуваше за договорите на играчите со клубовите. Тој рече дека фудбалерите имаат право ги продолжат договорите кои истекуваат во јуни, до вистинскиот крај на сезоната, прекинати во март заради пандемијата на коронавирус.

Претходно беше најавено дека првенството на Англија може да продолжи на 12 или 13 јуни.

– Одлучивме да сториме сé што е можно, за екипите да ја завршат сезоната во истите ростери како пред суспензијата на првенството. Се согласивме дека играчите можат да ги продолжат договорите што истекуваат на 30 јуни до крајот на сезоната, но за тоа е потребен меѓусебен договор, соопшти Мастерс.

Одлуката за обновување треба да се донесе најдоцна до 23 јуни.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска