Динамо Загреб одбил понуда од Лил за Адеми

Од:

Хрватскиот клуб Динамо Загреб, во кој настапува македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, одбил понуда од француски Лил за својот капитен.

Весникот „Екип“, цитиран од „Вечерњи лист“ објави дека Лил за капитенот на Динамо понудил сума од 4,2 милиони евра.

Динамо е подготвен да го продаде 27-годишниот фудбалер, но чека подобра понуда. Меѓу заинтересираните екипи е и Бордо.

Тој по суспензијата успешно се врати на теренот, а новата сезона во Лигата на шампионите ја почна со два гола на првиот дуел од второто квалификациско коло против Бер Шева.

Македонскиот репрезентативец за хрватскиот клуб има одиграно 190 натпревари.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска