Динамо носи засилување од 2 милиони евра

Од:

Динамо Загреб работи на уште едно засилување во финишот на преодниот рок.

Како што пренесува Индекс, „сините“ го посакуваат напаѓачот Натаниел Мбуку (22). Станува збор за напаѓачот на германскиот прволигаш Аугсбург, кој би дошол во загрепскиот клуб на позајмица.

Мбуку е роден во Франција, но има и државјанство на ДР Конго. Може да игра во нападот, на двете крилни позиции и како офанзивен играч за врска.

Кариерата ја започна во францускиот Ремс каде мина низ помладите категории. Аугсбург го донесе како слободен играч во јануари 2023 година.

За првиот тим на германскиот клуб забележа три настапи, додека во вториот тим одигра четири натпревари со два гола и асистенција.

Во јануари 2024 година, тој отиде на позајмица во Сент Етјен и одигра 21 натпревар за француската втора лига, постигнувајќи четири и постигна два гола.

Летово се врати во Аугсбург со кого има договор до 2027 година, но сега треба да пристигне во Динамо.

Трансфермаркт неговата вредност ја проценува на два милиони евра.

Динамо се пласираше во главната фаза од Лигата на шампионите, каде на домашен терен ќе игра против Борусија Дортмунд, Милан, Селтик и Монако, а на гостински терен против Баерн, Арсенал, Салцбург и Слован Братислава.

„Сините“ се лидери во хрватската прва лига со 13 бода од пет натпревари. Имаат по два бода повеќе од Риека и Хајдук.

Би можело да ве интересира

Успешно финале на турнирот во мал фудбал „8 Септември“, „Астра казино“ ја продолжува поддршката

Чудна сцена во борбата за појасот на УФЦ: Новиот шампион го бакнуваше својот ривал

Предраг Петровиќ

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Играчот кој ги одби милионите на Барса сега е во 5-та лига: Верата ми даде поинаква перспектива на животот

Предраг Петровиќ

Јамал на стартот на кариерата: Никогаш нема да ја напуштам Барселона

Предраг Петровиќ

Еден од најдобрите ски скокачи ја заврши кариерата, не се опорави од тешкиот пад

Предраг Петровиќ