Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Од:

Ливерпул го мина четвртото коло на ФА купот, откако на „Енфилд“ со три гола во второто полувреме стигна до 3:1 победа над Кардиф за да обезбеди дуел со Норич во наредното коло.

За одбележување беше дебито на новото засилување, Колумбиецот Луис Дијаз, кој дебитираше со асистенција при вториот гол на „црвените“.

По лошото прво полувреме, Ливерпул дојде во водство во 53. минута кога по одличната асистенција на Трент Александер-Арнолд, Диого Жота ја продолжи голгетерската серија.

Дијаз, кој дојде од Порто во зимскиот преоден рок, влезе во игра во 58. минута и десет минути подоцна му асистираше на Такуми Минамино за 2:0, за во 76. минута, Харви Елиот да зголеми на 3:0. Честа на гостите ја одбрани Рубин Колвил, кој во 80. минута ги постави конечните 3:1.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска