Дибиров откри кој го убедил да го напушти Вардар и да се пресели во ППД Загреб

Од:

Рускиот интернационалец Тимур Дибиров по девет години во РК Вардар одлучи да го напушти клубот и замина во ППД Загреб. Неколку дена по преселбата откри кој имал клучна улога за неговата одлука.

Дибиров разговарал со својот поранешен соиграч од шампионските периоди на Вардар, Иван Чупиќ, кој го убедил да му се придружи во ППД Загреб.

„Кога ми се јави Чупиќ и ми објасни сè, сфатив дека сакам да бидам дел од овој проект, не е доволно да си силен само на хартија. Да беше сè така лесно, секоја година ќе победуваа Барселона, ПСЖ и Кил. Верувам дека ППД Загреб има силен тим за да се носи со сите во Лигата на шампионите“, изјави Дибиров за хрватските медиуми.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Дибиров: Сакав да останам во Вардар, но ситуацијата стана мачење

Дибиров емотивно се збогува со навивачите на РК Вардар

Дибиров: Загреб ќе изненади оваа сезона

ВИДЕО: Голот на Дибиров од „мртов“ агол најубав во четврфиналето од ЛШ

Ана Ололовска

Дибиров во тимот на колото, Криштопанс во ТОП 5 голови

ВИДЕО: Дибиров стрелец на најубавиот гол на Ф4 турнирот на СЕХА

Ана Ололовска