Дибиров: Не потценуваме никого

Од:

Ракометарите на Вардар во второто коло од Лигата на шампионите го пречекуваат Кристијанштад од Шведска. иако „црвено-црните“ важат за големи фаворити на овој дуел, левото крило Тимур Дибиров повика на сериозен пристап и максимално залагање.

– Го заборавивме натпреварот против Монпелје. Не сакаме да гледаме назад и секој меч е важен за нас. . Ние го сфаќаме противникот сериозно и ќе се обидеме да го одиграме натпреварот на исто ниво од прва до последна минута. Сакаме да победиме на овој натпревар, и се соочуваме со тим кој има искуство од неколку години со настапи во Лигата на шампионите, изјави Дибириов.

Вардар досега ги доби сите шест натпревари со шведскиот претставник во ЛШ, следниот е закажан за в сабота од 17,30 часот во СЦ „Јане Сандански” во Скопје.

Би можело да ве интересира

Борко Ристовски е нов извршен директор на РК Вардар, Столе Стоилов помошник тренер

ВИДЕО: Полицаец со пендрек го удри репрезентативецот Филип Талески

Ана Ололовска

ВИДЕО: Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Горан Наумовски

Манасков се врати во Вардар

Дибиров: Сакав да останам во Вардар, но ситуацијата стана мачење

Вардар не го дава ракометниот трон на Македонија

Катерина Ѓуровски