Паоло Дибала (28) официјално стана играч на Рома. Аргентинецот потпиша тригодишен договор со римскиот тим и денеска клубот официјално го претстави како свој нов играч.
Фотографијата која сите ја чекавте“, порачаа од Рома со фотографија на Дибала во дресот на Вучица.
Тие претходно додадоа:
„Клубот е почестен што може да го потврди потписот на напаѓач од светска класа“.
Дибала во Рома нема да ја носи „десетката“, туку го избра бројот 21.
Аргентинскиот фудбалер претходните седум години го носеше дресот на Јувентус. Тој ја напушти старата дама на крајот на сезоната откако му истече договорот.
Покрај Јувентус, играше и за Палермо и аргентинскиот Институто.
Извор: Топспорт