Многумина беа изненадени кога во јавноста дојде информацијата дека Пауло Дибала и понатаму е позитивен на коронавирусот, иако промнаа 40 дена откако му беше утврдена болеста.
Аргентинскиот напаѓач и по месец и пол дена борба со коронавирусот не може да го исфрли од телото. Последниот брис, четврти по ред кој го направи за да провери дали е излечен, повторно беше позитивен.
Со оваа тема се занимаваа италијанските медиуми, кои го повикаа италијанскиот стручњак за вируси, професорот Џовани ди Пери, началник на Инфективната клиника во Торино и прв човек на катедрата за инфективни болести на медицинскиот факултет.
Тој за Тутоспорт рече дека оваков случај, како што е забележан кај Дибала не е неочекуван и дека се јавува кај 20% од пациентите.
– Тоа е нормално, тоа е уште една страна на вирусот, досадна, па постои големо растојание помеѓу лечењето на пациентите. Некои се излечени за осум дена, некои за 37, па просекот е околу 20 дена. Но постојат и пациенти кои чекаат и по два месеци за да добијат негативен тест. Случајот на Дибала не е редок, се случува почесто отколку што мислите, вели професорот.
– Од прилика 20 отсто пациенти кои добро напредуваат и понатаму остануваат позитивни и не можеме да ги отпуштиме од болница поради тоа што дома немаат услови да бидат во карантин, опиша професорот Ди Пери.
Дибала и покрај тоа што и понатаму е заразен, се чувствува здраво и секојдневно тренира, откако ја преброди најкритичната фаза на инфекцијата, кога имал проблеми со дишење.