Ди Реста смета дека деградацијата на пневматиците е добра

Од:

Пол ди Реста, од тимот на Форс Индија смета дека овогодинешната деградација на пневматиците е многу подобра за спортот, за разлика од другите возачи кои се убедени во спротивното.

Според Ди Реста, огромната деградација на пневматиците придонесува за уште поголема драма во секоја трка.

– Можеби е досадно на првата позиција, но не е толку досадно кога се натпреваруваш за повисока позиција. На 11 кругови до крајот на трката во Барселона, ние се боревме за позиција повеќе бидејќи бевме на стратегија со 4 застанувања и моравме да се натпреваруваме со тие што беа со 3 застанувања. Тоа е голема работа. Убаво е кога работите се менуваат во трката, а деградацијата станува поголема. На некои трки, во петок по тренинзите сте веќе исплашени бидејќи сметате дека треба да направите многу застанувања во боксот, но до недела, инженерите ги решаваат проблемите. – изјави Ди Реста.

Би можело да ве интересира

Формула не памети ваков рефлекс: Младиот возач избегна трагедија со чудесен маневар

Предраг Петровиќ

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он