Дербито Вардар-Шкендија ќе ја отвори сезоната во сабота во Тетово

Од:

Новата сезона во фудбалскиот шампионат на Македонија, наместо во недела ќе биде отворена во сабота. Откако жрепката реши во воведното прво коло на Првата македонска фудбалска лига да се сретнат Вардар и Шкендија, а поради настапот на двата тима на европската сцена, дуелот во Тетово ќе се игра в сабота.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го прифати барањето на двата клуба за мечот да се одигра ден порано од предвиденото поради настапот на двата тима во плејофот за влез во групната фаза во Лига Европа.

Така, првата пресметка во новата сезона помеѓу двата тима кои лани ги освоија првите две места, а и годинава ќе бидат главни конкуренти за шампионскиот трофеј ќе се одигра во сабота од 17 часот во Тетово.

По дербито, двата црвено-црни табори ќе се фокусираат на дуелите во Лига Европа.

Вардар на 17 август во Скопје ќе го пречека турскиот гигант Фенербахче, додека Шкендија истиот ден ќе му гостува на италијанскиот Милан.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска