Дербито Арсенал – Ливерпул без голови

Од:

Последниот натпревар од 3. коло од Премиер лигата одигран синоќа воедно и дерби на колото меѓу Арсенал и Ливерпул заврши без победник и без голови 0:0.

Најголеми „виновници“ за овој резултат се голманите на двата тима Петр Чех (Арсенал) и Симон Мињоле (Ливерпул). Двајцата имаа по неколку успешни интервеници, а Ливерпул во два наврати ја погоди и рамката на голот преку Филипе Кутињо (пречка и статива), додека на Арсенал му беше поништен гол (Арон Ремзи) поради офсајд.

Ливерпул по третото коло остана непоразен и без примен гол и со седум бодови се наоѓа третото место на табелата со ист број бодови со Лестер и со Манчестер Јунајтед, додека лидер е Манчестер Сити со максимален број бодови – девет.

Арсенал со освоениот бод има вкупно 4 и се искачи на 9. место со ист број поени како и Евертон и Норвич кои се пред него, но и првакот Челзи кој се наоѓа на 10-та позиција

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска