Познатиот холандски фудбалер Денис Бергкамп, кој се прослави во дресот на Арсенал, се враќа во редовите на „топџиите“.
Англиските медиуми објавуваат дека некогашната ѕвезда на холандската репрезентација и на Арсенал по „фудбалското пензионирање“ ќе се врати во лондонскиот клуб, но како прв човек на младинската школа.
Денис Бергкамп беше играч на Арсенал од 1995 до 2006 година и со „топџиите“ освои три титули во Премиер лигата, четири ФА купа, а играше и во финалето на Лигата на шампионите во 2006 година против Барселона, што го добија каталонците.
Бергкамп, кој поради стравот од летање со авион беше наречен „нелетачкиот Холанѓанец“, во моментов работи како помошник тренер на Ајакс.