Денеска ќе се одлучува за натпреварот Тетекс-Шкендија

Од:

Фудбалската федерација на Македонија денеска ќе одлучува кога ќе се одржи натпреварот меѓу Тетекс и Шкендија, кој синоќа беше прекинат поради недолично однесување.

Во соопштението од ФФМ се посочува дека фудбалерите го напуштија теренот по координација и со согласност на делегатот на натпреварот, претставниците од Федерацијата, капитените и тренерите на двете екипи.

– Причина за да се донесе оваа одлука беа викотниците со националистичка содржина од обете навивачки екипи, чин недостоен за спoртот. Навивачите не го испочитуваа апелот на ФФМ и клубовите за фер и спортско бодрење. И покрај апелот и предупредувањата за прекин на натпреварот, навивачките групи, спротивно на одредбите на ФФМ и УЕФА, продолжија со употреба на пиротехнички средства и говор на омраза што доведе и до конечна одлука за прекин на натпреварот, стои во соопштението.

Од ФФМ посочуваат дека и натаму ќе настојува на спортските терени да владее спортскиот дух и бодрење, а оние кои вистински не го сакаат спортот и фудбалот да останат надвор од спортските арени.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска