Дембеле поради повреда ја напушти француската репрезентација, на негово место доаѓа Коман

Од:

Францускиот фудбалер Усман Дембеле поради повреда ќе ги пропушти следните два репрезентативни натпревари во Лигата на нации, а во селекцијата ќе го замени Кингсли Коман, соопшти денеска Француската фудбалска федерација (ФФФ).

Напаѓачот на Пари Сен Жермен, според федерацијата, почувствувал болка во долниот дел на грбот во саботата на натпреварот против Анжи од француското првенство (4:2).

Во досегашната кариера, 27-годишниот фудбалер има 53 настапи за француската репрезентација и постигна шест гола. Ова е голем удар за селекторот на Франција, Дидие Дешамп, кој претходно беше без напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе.

Франција е на второто место во групата А2 со девет бодови и заостанува еден бод зад лидерот Италија. Во четврток Франција во Париз ќе го пречека Израел, а три дена подоцна ќе ја посетат Италија.

Би можело да ве интересира

Дембеле решил да остане во Барселона

А1он

Лапорта призна дека е бесен што Дембеле не замина во јануари

А1он

Барселона им го понудиле Дембеле на Њукасл и Манчестер јунајтед

А1он

Казната делуваше, Дембеле прв дојде на тренингот на Барселона

А1он

Дембеле се согласи на помала плата во Барселона

А1он

Барселона без Араухо, Дембеле и Педри на дербито со Реал

А1он