Тениските репрезентации на Франција и на Австралија поведоа со 2-1 во полуфиналните дуели од Дејвис купот откако во денешните мечеви во игра на двојки ги победија Србија односно Белгија.
Француската комбинација Пиер – Уго Ербер и Никола Маут со убедливи 3-0 во сетови (6:1; 6:2 и 7:6 (7:3)) ги совладаа српските тенисери Филип Крајиновиќ и Ненад Зимоњиќ.
Во Брисел австралиската двојка Џон Пирс и Џордан Томсон на ривалите од Белгија Рубен Бемелманс и Артур Де Граф им препуштија само седум гемови во меч што заврши во три сета 3-0 (6:3; 6:4 и 6:0).
Утре се играат решавачките мечеви во поединелна конкуренција. Пласман во финалето ќе обезбеди репрезентацијата која прва ќе дојде до три победи.