Дефо: Ако Кејн сака да освои трофеи, треба да го напушти Тотенхем

Од:

Поранешниот напаѓач на Тотенхем, Џермејн Дефо, зборуваше за позицијата напаѓач Хари Кејн во лондонскиот клуб.

– Ако ме прашавте за неговата иднина пред неколку години, би рекол дека мора да остане во Тотенхем. Со оглед на она што го постигна тука, тој е легенда.

Но, ако Хари Кејн сака да освои трофеи, се чини дека треба да си замине. Не мислам дека ќе му биде лесно да го стори тоа. Можеби тој различно гледа на ситуацијата и сака да заврши да стане најдобар стрелец во клупската историја и да види каде води тоа. Можеби се надева дека ќе освои неколку трофеи, но ако навистина е гладен за титули, тогаш навистина треба да си замине, истакна Дефо.

Тој го освои својот прв трофеј во кариерата, откако си замина од Тотенхем освојувајќи го Шкотскиот шампионат со Ренџерс.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска