Дебакл на Јувентус – Влаховиќ промаши пенал

Од:

Фудбалерите на Јувентус се поразени од германскиот второлигаш Нирнберг со 3:0 во пријателски натпревар, прв под команда на новиот тренер Тиаго Мота.

Српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ на овој натпревар од стартот на вториот дел играше со капитенската лента која ја презеде, но не се прослави бидејќи промаши пенал при резултат 0:1. .

Голманот на германскиот тим прочита каде ќе шутира Влаховиќ и направи успешна интервенција.

Тоа беше можеби клучниот момент на натпреварот.

Тој момент дефинитивно го наруши италијанскиот тим, кој по голот на Каспар Јандер во 19. минута и промашениот пенал, капитулираше уште два пати во вториот дел.

Дури на крајот тимот предводен од клупата од славниот Германец Мирослав Клосе ја обезбеди победата – стрелци беа Дастин Форкел во 87. минута и Тим Јаниш во 89. минута.

Мора да се каже дека тимот на Мота беше ослабен за овој натпревар, бидејќи недостигаа неколку играчи кои добија одмор по Европското првенство и Копа Америка.

Би можело да ве интересира

Влаховиќ нема да игра против Шпанија и Данска

Јувентус бара замена за Душан Влаховиќ

Предраг Петровиќ

За Милан против Јувентус ќе брани 41 годишен голман

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО )Навивачите на Јувентус упаднаа на теренот со порака: Не го сакаме Лукаку

Предраг Петровиќ

УЕФА: Јувентус исфрлен од Конференциската лига

Чистка во Јувентус, во текот на ноќта пречкртани четворица фудбалери

Предраг Петровиќ