Де Бруjн незадоволен од условите на новиот договор со Сити

Од:

Фудбалерот за врска на Манчестер сити, Кевин Де Брујн преговара за нов договор со клубот, но работите за него не се одвиваат како што посакува.

Според „The Athletic“ фудбалерот е незадоволен од условите што ги нуди Сити. Белгиецот му кажал на еден свој соиграч во националниот тим дека новиот договор со „граѓаните“ ќе биде помал од сегашниот. Исто така, де Брујн не е задоволен од фактот дека клубот е подготвен да му ја плати на Лионел Меси посакуваната сума во случај на негово заминување. Играчот од средниот ред верува дека заслужува повеќе.

Тековниот договор на 29-годишниот играч со клубот се пресметува до летото 2023 година. Оваа сезона тој одигра 23 натпревари, постигна три гола и направи 15 асистенции. Манчестер сити е лидер во поредокот во Премиер лигата.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска