Данкан ќе ја игра својата 19-та НБА сезона

Од:

Центарот на Сан Антонио Спарс, Тим Данкан најави дека и во следната сезона ќе го носи дресот на овој клуб и тоа за него ќе биде 19-та сезона во НБА лигата.

Данкан потврди дека ќе биде дел од тимот. Ланската сезона ја заврши со просек од 13,9 поени, 9,1 скокови и две блокади по натпревар.

Останувањето на Данкан во тимот на Сан Антонио може да му помогне на клубот во преговорите со Ламаркус Олдриџ, кој важи за еден од најпосакуваните „слободни агенти“. Олдриџ настапува истотака на центарската позиција.

Данкан во својата досегашна кариера има освоено пет шампионски титули со Сан Антонио. Притоа во два наврати беше прогласен за МВП (најкорисен) играч на лигата, а трипати беше МВП на финалето.

Би можело да ве интересира

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он

Тренерот на Минесота опериран – незивесно дали го пропушта стартот на серијата против Денвер

Предраг Петровиќ

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите