Дани Велбек си најде нов тим во Премиер лигата

Од:

Брајтон официјално објави дека потпишале едногодишен договор со напаѓачот Дени Велбек, кој пристигнува како слободен агент. За 29-годишниот фудбалер, тоа ќе биде четвртиот клуб во Премиер лигата по Манчестер Јунајтед, Арсенал и Ватфорд. Тој исто така беше изнајмен во Престон и Сандерленд. Велбек има и 42 натпревари со репрезентацијата на Англија, на кои реализирал 16 погодоци.

– Тој е брз и технички многу поткован. Ќе ја зголеми нашата напаѓачка моќ и ние сме многу возбудени да додадеме уште еден играч со искуство и квалитети, прокоментира менаџерот Греам Потер.

Велбек ќе го носи дресот со број 18 и се очекува да биде на располагање за дуелот со Вест Бромвич Албион во следната рунда од Премиер лигата.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска