Данецот Кисум нов ракометар на Еурофарм Пелистер

Од:

Македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер ги засили своите редови со искусниот 30-годишен дански ракометар Каспер Кисум, соопшти попладнево битолскиот клуб.

Кисум, кој игра на позицијата лев бек, доаѓа во Битола од редовите на данскиот прволигаш Сондерјуске, а во кариерата претходно настапуваше за Рингештед, Нордсјаленд, Флензбург, Битенфелд, Хановер и Тулуз.

Новото данско засилување во текот на идната недела ќе му се стави на располагање на тимот и тренерот Ларс Валтер.

Кисум е втор дански ракометар во редовите на Еурофарм Пелистер, чиј дрес сезонава го носи и неговиот сонародник Себастијан Хенеберг.

Би можело да ве интересира

Шпанецот Раул Алонсо нов тренер на Еурофарм Пелистер

А1он

Еурофарм Пелистер првпат славеше во ракометната ЛШ

А1он

ВИДЕО: Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Горан Наумовски

Александар Јовиќ нов тренер на РК Еурофарм Пелистер

Ана Ололовска

Еурофарм Пелистер без Ојлески и без Атанасијевиќ на дуелот против Мотор

Пелистер го победи Мотор, на добар пат за осминафинале во Европската лига