Дали местачите на натпревари ќе „пукаат“ на Светското првенство?

Од:

Кредибилитетот на фудбалскиот Светски куп е под закана од азиските местачи на натпревари, кои се поврзани со светот на спорстки обложувања вреден стотици милијарди долари.

Тоа беше еден од најголемите фудбалски натпревари на планетата: меч за третото место на Мундијалот во 1994 година. Се одигра на крајот на наизглед успешниот турнир кој се играше во САД. Времето беше топло и сончево, а стадионите воглавно полни. Натпреварите беа возбудливи и се пренесуваа до милијарди гледачи низ целиот свет. Во спонзорствата се свртеа стотици милиони долари.

Но, се појави банда на местачи на натпревари на турнирот, чија цел беше мечот за третото место меѓу Бугарија и Шведска, кои нудеа стотици илјади долари за подмитување на играчите за да го загубат мечот. Некои од тие играчи се сомневаа дека воопшто можат и да победат.

Светското првенство во Бразил, кое почнува денеска, ќе биде екстравагантност вредна четири милијарди долари во телевизиски права, спонзорства, распродадени стадиони и возбудлив фудбал. Сепак, кредибилитетот на Мундијалот е под закана од азиските местачи на натпревари, кои се поврзани со спортските обложувалници, пазар достигнува стотици милијарди долари.

Местачите кои се поврзани со луѓето чија цел беше Првенството во 1994, повеќе пати се вратија на речиси сите меѓународни фудбалски турнири во изминатите 20 години.

Како истражувачки новинар, можев да одам во Азија и да се инфилтрирам меѓу банда местачи, и да ги слушам нивните приказни за местење на врвни мечеви. Сега во оваа истрага на „Торонто стар“, базирана на интервјуа со играчи, тренери, судии, коцкари и некои од највисоките службени лица во светот на фудбалот, известуваме дека бандите местачи на мечеви, кои успешно местеа фудбалски лиги насекаде низ светот, веќе беа присутни на Светското првенство за играчи под 17 години, на Мундијалот за играчи под 20 години, на Олимпискиот фудбалки турнир, и на женските и машките Светски купови.

Местачите се потпомогнати воглавно од недокажаната дилема која задира во срцето на меѓународниот фудбал: некои од играчите на големите турнири не добиваат плата.

И покрај сте фанови, сите спонзорства, сите телевизиски преноси – во Бразил ќе има играчи кои нема да бидат платени ниту еден цент. Некои од нив ќе ги гледаат расподадените стадиони, и можеби ќе си помислат: „Некој тука прави одвратно многу пари, ама тоа не сум јас“.

ФИФА која го организира турнирот и плаќа на фудбалската федерација од секоја земја која учествува по девет милиони долари, за да се покријат трошоците за турнирот. Повеќето договори се заклучени со еден милион долари да бидат платени хотели, авионски карти, и тн; останатите осум милиони долари наводно се делат помеѓу играчите, тренерите и федерациите.

Во многу држави, договорите помеѓу играчите и нивните федерации се заклучени пред турнирот. Сепак, во некои држави има долги преговори кои не секогаш завршуваат добро.

За време на последното Светското првенство во 2010 година, државата домаќин Јужна Африка се согласи за платите на играчите и бонусите, само еден ден пред да го одиграат првиот меч.

По турнирот, нигериската влада беше многу разочарана во резултатите од својот тим, и по обвинувањата за корупција, по што спроведе официјална истрага за државните фудбалски претставници. Владата откри дека мотивацијата на тренерите и физиотеврапевтите била „надуена“ од дузина недокажани средби. Исто така беше откажан хотелот за екипата и авионските карти, а имаше жестоки дискусии околу бонусите за играчите.

На Светското првенство во Германија во 2006, целиот тим на Того се закани дека ќе штрајкува насред турнирот. Играчите одбија да го играат нивниот последен меч со тврдењето дека службените претставници им ги задржуваат бонусите. Високи преставници во ФИФА мораа да интервенираат и директно да ги исплатат играчите пред тимот на Того да истрчаат на теренот.

Со години, местачите на натпревари во Малезија и Сингапур одат на меѓународни фудбалски турниири во Африка, Австралија, Азија, Северна Америка, Латинска Америка и во Европа. Местачите ги потплатувале меѓународните мечеви кои се играа во Сингапур, а меѓу нив биле и четворица играчи на австралискиот државен тим кои биле осудени за земање пари за натпревар против Јужна Кореја во 1986 година.

На почетокот на 90-те години на минатиот век, тие се собираа на стадиони каде илегалните обложувалници примаат уплати за малезиската и сингапурската фудбалска лига. Местачите ја растурија лигата. Истрагата на Кралската малезиска полиција откри дека постојат картели на играчи кои учествуваат во местења во речиси секој тим. Еден поранешен фудбалер рече дека корупцијата била толку навлезена, што за време на еден меч имало тепачка во првото полувреме во соблекувалната помеѓу играчи кои работеле за различни местачи.

Местачите користат помошници наречени „тркачи“ – кои им прстапуваат на играчите или судиите за да ги местат мечевите. Над местачите се влијателни бизнисмени, кои ги покриваат поскапите местења и им плаќаат на „мускулести типови“ за мрежата да работи течно.

Овие луѓе се воглавно Азијци, но во последните неколку годни и група на руски криминалци се придружија на „синдикатот“. Малку се знае за оваа група, затоа што создаваат голем страв. Еден европски местач му рекол на полицацец кој го испитувал: „Се ќе ви кажам, освен за Русите. Ако зборувам за Русите, јас сум мртов“.

Но, во првите денови на местењето мечеви имало само еден крал. Во интервјуа, местачите или нивните соработници зборувале за „Вујко Френки“, индиско-кинески бизнисмен кој сфатил дека глобалната експанзија на фудбалот значи многу шанси за местења.

На Светското првенство во 1994, на четворица шведски играчи на неколку дена пред натпреварот за бронзениот медал, им пришол човек кој се претставил како Френки Чанг, со бизнис предлог: „загубете го вториот најважен меч на турнирот и ќе добиете купишта кеш“.

Неколку години подоцна, четворицата шведски фудбалери прозбореа за овој пристап. Томас Бролм, Ларс Ериксон, Клас Ингесон и Андер Лампар рекоа дека тогаш биле преплашени да кажат нешто за ова. Тие за шведското списание „Офсајд“ изјавија дека Чанг, чиј идентитет никогаш не бил потврден, престојувал во истиот хотел со нив. Тој бил многу самоуверен и пријателски расположен. Им дал визит картичка и ги поканил во неговата соба. Таму Чанг извадил купчиња со банкноти по сто долари, и по мобилен телефон зборувал со друг местач кој наводно им пришол на некои бугарски играчи.

Швеѓаните велат дека веднаш го одбиле и си заминале. Но, во текстот во „Офсајд“, голманот Ериксон вели дека бил изненаден од мечот, дека некои играчи во бугарскиот тим долго не допреле топка се до крајот на првото полувреме, кога швеѓаните постигнале три небранети голови.

Вилсон Раџ Перумал, осуден сингапурски местач, кој пред судот признал дека местел натпревари низ целиот свет, пишувал за Френк Чанг кого го нарекува „Вујче Френк“ во неговата автобиографија насловена „Кралевите Келонг“ (келонг на сленд на Малајски јазик значи местач).

– Момците како Вујче Френк, беа најголеми криминалци: она што денес го знам тие го правеа уште тогаш. Пораснав гледајќи ги овие големи зверки како местат мечеви под носот на сите. Учев од нив, тие беа моите учители… Си мислев: ако можат тие, тогаш можам и јас“.

Вујко Френк користел исти техники и следната година на Светското првенство за играчи под 20 години во Катар. На двајца португалски фудбалери им пришла млада жена од Тајланд. Ги поканила во нејзината соба со „интересен предлог“. Тие таму виделе маса полна со пари, неколку играчи од Камерун и вујко Френк. Португалиските играчи веднаш си заминале и го пријавиле инцидентот. Високи азиски фудбалки службени лица подоцна потврдиле дека местачите им пришле на играчи од Камерун, Португалија, Хондурас и Чиле.

Една година подоцна, Квеси Нјантакји, претседателот на фудбалската федерација на Гана, не изгледаше изненаден кога се откри дека имало обид за местење на меѓународен натпревар во кој учествивал неговиот тим. Во интервју тој рече: „На секој турнир ќе најдете кладилци. Да, на секој турнир, на секој турнир тие се таму. На сите големи турнири, Светскиот куп, Купот на нациите. Тие кои се кладат не се африканци, тоа се европејци и азијци. И имаат многу пари за да се кладат на овие нешта“.

Фудбалерите на Гана, меѓу кои се поранешните меѓунардни капитени Стефан Апијах и Јусиф Чибсах, во интервју рекоа дека местачите на натпревари им пришле на играчи од нинвиот тим на Светското првенство за играчи под 17 години во Малезија во 1997 година, на Олимписките игри во Атина и на Светското првенство во 2006 во Германија. Исто им пришле и на женскиот фудбалски тим на Гана на Светското првенство во Кина во 2007 година. Играчите велат дека ги одбиле сите понуди, но не би се изненадиле и да ги примиле.

ФИФА знае за овој проблем. Едно интервју во февруари 2008 година, претседателот Сеп Блатер го започна со зборвите: „Сакате да зборувам за азиските местачи на мечеви? За овој проблем знам веќе со годни“.

Ставот на ФИФА е дека овие местачи се најнесреќните туристи на светот. Овие местачи одат на сите турнири по светот, каде им приоѓаат на играчи, тренери и службени лица – но ФИФА инсистира на тоа дека тие никоигап не успеале никого да подмитат. Сепак, тие се враќаат.

Но, во јануари годинава, Ралф Мучке, поранешен германски полицаец кој е шеф за безбедност во ФИФА, за весникот „Франкфурте алгемајне зонтагцајтунг“ рече дека местачите можеби ќе присуствуваат и на Светското првенство во Бразил, и може да им приоѓаат на тимови и играчи. Извесни клучни мечеви (трите први мечеви во првиот круг, да речеме) ќе бидат во сериозна закана. Тој ги истакна мерките кои ФИФА ќе ги преземе за да го заштити кредибилитетот на фудбалот. Сепак, гарантираната минимална плата и бонуси за играчите, сепак не се тие мерки на ФИФА.

Германската единица за борба против органиизраниот криминал, со седиште во малиот град Бохум, ги истражува бандите кои местат мечеви уште од 2008 година. Детективите од Бохум проценуваат дека местачите успеале да наместат барем 150 мечеви помеѓу 2009 и 2011 – а тоа е околу една меѓународен натпревар неделно.

– Оние мечеви кои ги откривме се само врв од ледениот брег, рече Фридхелм Алтанс, полициски детектив од Бохум на конференцијата Еуропол прес во 2013 година.

Дури и најважните фудбалски мечеви во Европа се наместени, рече судијата кој претстедаваше со судењето на Хрватите, браќата Анте и Милан Сапина. Ова судење е првото вистинско осветлување на светот на местење натпревари. Истрагата започна во 2008, кога полицајци од германската полиција на снимка слушнале како мафијаш се заканувал по животот на познат обвинител. Полицијата брзо реагирала и истрагата вклучила стотици полицајци низ цела Европа. Тие откриле независна врска со глобалната мрежа на местење мечеви, која се води од мал кафе бар во Берлин, „Кафе Кинг“. Во средиштети биле браќата Сапина.

На крајот од судењето, во драматична исповед Анте Сапина прочитал листа од 47 мечеви каде тој помогнал во лажирањето, вклучувајќи и мечеви за квалификации за Светското првенство, и натпревари од европссата Лига на шампиони. И двајцата браќа Сапина отслужувааат долга казна во германски затвор.

Сапина се поврзувале со Сингапурци местачи, кои се обложувале на местени натпревари на спортскиот пазар во Азија. Овој пазар е огромен. Патрик Џеј, директор во хонгконшкиот Џокејски клуб, една од најпрофитабилните спортски компании за обложување на светот рече: „ФИФА сака да зборува за четири милијарди долари кои ги дала за Светскиот куп. Ние имаме назив за денот кога азискиот пазар за спортски обложувања ќе испере четири милијарди долари. Го викаме четврток“.

За фудбалските фанови сето ова станува уште полошо. Многу полошо. Според таен извештај на ФИФА од истрага добиена од „Ѕвездата“, азискиот местач на мечеви кој бил толку силно инспириран од човекот кој им пришол на шведските играчи – Вилсоон Раџ Перумал – и кој местел мечеви во Јужна Африка, еден ден пред почетокот на последниот фудбалски куп. Тој имал помош од други – засега непознати – јужноафрикански фудбалски службени лица. Според истражителите на ФИФА, некои од истите луѓе кои помогнале да се организира последниот куп биле „вовлечени во криминална конспирација за да се манипулира со овие мечеви“. Па дали наведените мечеви се лажирани мечеви? Според шансите за веројатност, да.

Во вакви околности, тешко е да се замисли дека местачите на натпревари нема да бидат во Бразил за да си ја пробаат среќата.

Меѓународни фудбалски турнири за кои било потврдено присуството на местачи на натпревари:

1994 – Светското првенство (САД)
1995 – Светското првенство за млади под 20 години (Катар)
1996 – Светското првенство за млади под 17 години (Малезија)
2004 – Олимписки игри во Атина
2006 – Светското првенство (Германија)
2007 – Светското првенство за жени (Чина)
2008 – Куп на африкански држави (Гана)
2010 – Светското првенство (Јужна Африка)
2011 – Златен куп (Мексико)

Би можело да ве интересира

ФИФА го прогласи голот на Родригез против Уругвај за најубав на СП во Бразил

Емир Латифовиќ

ФИФА призна дека судијата ја исфрли БиХ од Мундијалот

Емир Латифовиќ

Рицоли: Крамер ме праша дали е финале

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Северна Кореја слави: Го победила Бразил со 8:1 вo финалето на СП

Ана Ололовска

Катар потврди дека ќе го организира СП 2022

Емир Латифовиќ

Си отиде циркусот на ФИФА, што му останува на Бразил, а што нам?

Ана Ололовска