Далас се враќа во игра за плеј оф

Од:

Екипата на Далас ноќеска постигна важна победа откако по продолжение славеше над Лос Анџелес Клиперс со 109:102 и со тоа ги задржа шансите за плеј офот.

Во дополнителните пет минути Далас предводен од Дирк Новицки го „скрши“ отпорот на гостинот. Новицки постигна осум поени во продолжението од своите 33 на натпреварот. Ист број поени во противничкиот тим реализираше и Крис Пол.

На другите два натпревара одиграни ноќеска во НБА лигата, Бостон – Њујорк 85:100 и Детроит – Минесота 82:105.

Вечерва се играат 14 натпревари: Торонто – Атланта, Филаделфија – Милвоки, Шарлот – Орландо, Кливленд – Бостон, Њујорк – Мемфис, Чикаго – Мајами, Њу Орлеанс – ЛА Клиперс, Хјустон – Индијана, Оклахома Сити – Вашингтон, Минесота – Лос Анџелес Лејкерс, Сан Антонио – Денвер, Јута – Феникс, Голден Стејт – Сакраменто и Портланд – Бруклин.

Пласман Источна конференција: Мајами 56-14 (победи-порази), Њујорк 43-26, Индијана 44-27, Бруклин 41-29, Чикаго 38-31, Атланта 39-32, Бостон 36-34, Милвоки 34-35,…

Пласман Западна конференција: Сан Антонио 53-17, Оклахома Сити 52-19, Денвер 49-23, Лос Анџелес Клиперс 48-23, Мемфис 47-23, Голден Стејт 41-31, Хјустон 39-31, Лос Анџелес Лејкерс 36-35, Јута 35-36, Далас 35-36,…

Би можело да ве интересира

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он

Тренерот на Минесота опериран – незивесно дали го пропушта стартот на серијата против Денвер

Предраг Петровиќ

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите