Далас по продолжение го совлада Портланд

Од:

Кошаркарите на Далас по дополнителните пет минути постигнаа победа на гостувањето кај Портланд со 111:101. Во продолжението беше 15:5 за Далас, а во регуларните минути дуелот заврши 96:96. Кај Далас тројца играчи имаа 20 и повеќе поени: Дирк Новицки 25, Чандлер Парсон и Монта Елис по 20 и се најзаслужни за триумфот.

На другите натпревари беа постигнати следниве резултати: Њу Орлеанс – Чикаго 72:107, Вашингтон – Бруклин 114:77, Њујорк – Голден Стејт 92:106, Филаделфија – Шарлот 89:81, Милвоки – Бостон 96:93 и Јута – Сакраменто 102:90.

Пласман Источна конференција: Атланта 42-9 (победи-порази), Торонто 34-17, Вашингтон 32-20, Чикаго 31-20, Кливленд 31-21, Милвоки 28-23, Шарлот 22-28, Мајами 21-29,…

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 40-9, Мемфис 37-13, Хјустон 35-15, Портланд 34-17, Далас 35-18, ЛА Клиперс 33-18, Сан Антонио 32-18, Феникс 29-23,…

Би можело да ве интересира

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он

Тренерот на Минесота опериран – незивесно дали го пропушта стартот на серијата против Денвер

Предраг Петровиќ

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите