„Како во економијата така и во спортот Македонија го допре дното“, констатира ВМРО-НП.
„Во неделата заврши олимпијадата во Лондон, но за жал во сите дисциплини Македонија исчезна, додека истовремено сите земји од регионот се радуваат на успесите на своите најголеми амбасадори. Благодарение на политиките на оваа Влада, половина младина избега од државата, а во спортот доживеавме дебакл. Портава е празна, го нема премиерот да присвои успеси од работата, посветеноста и маката на спортистите“, рече Ване Цветанов.
„Доколку 5-те милиони евра не се фрлеа купот камења од Скопје 2014 а се инвестираа во нашите спортисти, денес ќе се радувавме сите заедно. За спортскиот дебакл на Македонија бараме неотповиклива оставка од страна на директорот на Агенцијата за млади и спорт“, рече Цветанов.