Црвена звезда ги намали платите на играчите за 50 отсто

Од:

Српскиот шампион Црвена звезда е уште еден клуб кој ги намали платите на играчите поради пандемијата од коронавирусот.

Фудбалерите ја прифатија понудата на раководството да добијат само половина од нивните плати во наредните три месеци, објави генералниот директор на клубот Звездан Терзиќ.

– Играчите потврдија писмено дека прифаќаат нивните плати да бидат намалени за 50 проценти во текот на следните три месеци. Во јули повторно ќе разговараме за ситуацијата, а потоа финансиската слика ќе биде појасна. Екипата ја разбира ситуацијата и покажа дека сме избрале играчи со карактери, не само добри фудбалери, изјави Терзиќ за српските медиуми.

Би можело да ве интересира

Фудбалскиот сојуз на Косово ги тужи Пикси и Србија кај ФИФА

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Србите испуштија победа против Камерун

ВИДЕО: Србија потклекна пред Бразил

Млад српски фудбалер за време на тренинг доби срцев удар и почина

А1он

Вучиќ им вети премија од еден милион евра на српските фудбалери за победа во Португалија

Ана Ололовска

Црвена ѕвезда се соочува со висока казна од УЕФА

Ана Ололовска