Членовите на украинската влада одржаа седница облечени во дресот на фудбалската репрезентација

Од:

Членовите на украинската Влада ја одржаа денешната седница облечени во дресовите на фудбалската репрезентација за да го прослават пласманот на националниот тим во четвртфиналето на ЕУРО2020.

Украина вчера во драматичен натпревар по две продолженија ја совлада Шведска со 2:1 и за прв пат во својата фудбалска историја обезбеди пласман меѓу осумте најдобри репрезентации на Европските првенства.

Победоносниот гол што и донесе на Украина четвртфинална пресметка против Англија, закажана за в сабота во Рим, го постигна Артем Довбјук во 121 минута.

Украинскиот премиер Денис Шмигал претседаваше со владината седница облечен со репрезентативниот дрес со бројот седум, што го носи капитенот Андриј Јармоленко.

Би можело да ве интересира

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Москва: Терористичките групи ширум светот се снабдуваат со западно оружје од Украина

Трамп и понуди на Украина „подобрен“ нацрт-договор за минерални суровини

Европа има три недели да се договори за условите за капитулација на Украина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари