Чикаго ја совлада Оклахома Сити и се проби на второто место на „Исток“

Од:

Екипата на Чикаго Булс ноќеска постигна победа во дуелот со Оклахома Сити на домашен терен со 108:105 и со тоа сега се наоѓа на втората позиција во Источната конференција. Решавачкиот кош за триумф за „биковите“ го постигна Мур на 2.1 секунда до крајот за водство на неговиот тим од 107:105. Најпрецизен кај победничкиот тим беше Никола Миротиќ со 26 поени. Во сенка останаа 43-те поени на Расел Вестбрук бидејќи неговиот тим Оклахома Сити го загуби натпреварот.

На вториот дуел одигран ноќеска Портланд го победи Далас со 94:75.

Пласман Источна конференција: Атланта 48-12 (победи-порази), Чикаго 39-12, Торонто 38-23, Кливленд 39-24, Вашингтон 34-27, Милвоки 32-29, Мајами 27-33, Шарлот 26-33,…

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 47-12, Мемфис 43-17, Портланд 41-19, Хјустон 41-20, ЛА Клиперс 40-22, Далас 40-23, Сан Антонио 37-23, Оклахома Сити 34-28,…

Би можело да ве интересира

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он

Тренерот на Минесота опериран – незивесно дали го пропушта стартот на серијата против Денвер

Предраг Петровиќ

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите