Во фудбалскиот Куп на Македонија, денеска ќе се играат првите дуели од четвртфиналната рунда.
На програмата се три средби бидејќи Вардар и Шкупи се уште ги немаат одиграно своите осминафинални натпревари.
Во Тетово попладнево ќе се играат два меча. На Градскиот стадион ќе се сретнат Ренова и Скопје, додека на игралиште на АМС „Спортски центар“ ќе играат Тетекс и Академија Пандев.
Во Битола, ќе се игра пелагониското дерби меѓу Пелистер и Победа. Сите натпревари ќе старуваат во терминот од 13 часот.
Пласман во четвртфиналето обезбеди и тетовска Шкандија која ќе го чека исходот од дуелите меѓу Вардар и Шкупи, кои се закажани за 29 ноември и 17 декември.